Димитриевски на средби со кумановци
Кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ Максим Димитриевски и носителот на пратеничката листа од ИЕ 2, Даниел Стојчевски денеска одржаа прес-конференција во Куманово, на која кажаа дека граѓаните сакаат промена и нова енергија.
„Тие бараат промени и бараат да се стави крај на сето ова што се случува, особено во делот на борбата против корупцијата, неквалитетно здравство, образование… што прави граѓаните да не бидат задоволни, младите да се отселуваат. Време е да ставиме крај. Движењето ЗНАМ имаме мала, но реално остварлива програма која може да се оствари“, рече Стојчевски.
Кандидатот за претседател, Димитриевски кажа дека денеска остваруваат повеќе средби со граѓани на кои афирмираат нови лица во политиката и даваат шанса на луѓе кои претходно немале можност знаењата да ги преточат во пракса.
„Како кандидат за претседател сакам оваа прилика да потенцирам конкретно решение . Во првата година од власта, бидејќи наредната влада не може да се состави без ЗНАМ дека буџетските вишоци во текот на 2024 со ребалансот ќе предвидиме исплата на 13 пензија која ќе биде поголема за оние со пониски ставки на пензии, за да се усогласи големата разлика“, рече Димитриевски.