Димитриевски: Мора да влеземе во ЕУ со крената глава


 

Македонија мора да продолжи на патот на евроинтеграциите, но не по секоја цена, бидејќи мора да влеземе во Европската унија со крената глава како Македонци и како засебна нација, како што била и како што е во моментот по основните заложби на Крушевскиот манифест, порача од Струга претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

На пуштањето на претседателскиот изборен штаб во Струга тој рече дека ќе биде претседател на сите граѓани на Македонија. Димитриевски ќе им предложи на политичките субјекти од власта и опозицијата да потпишат национална платформа за македонските национални интереси.

„Ќе работам на концептот да се формира едно независно тело од стручни експерти од Европската унија, кои покрај тоа што треба да се посветат на работење и анализа на сите пресуди во Стразбур против Република Бугарија за обесправеноста на македонските организации таму дополнително потпомогнати со наши домашни експерти да поработат и на времената рамка, која е во сила во моментот и нејзина адаптација на општо прифатливите општествени услови во Македонија, согласно желбите на македонските граѓани“, рече Димитриевски.