ДИК: За спроведување на Локалните избори предвидени 263 милиони денари
Државната изборна комисија на денешната прва јавна седница во новиот состав ја усвои финанскиската програма за јавни набавки за 2021 година за спроведување на Локалните избори годинава во износ од 263 милиони денари.
Претседателот на ДИК Александар Даштевски изјави дека овие средства можеби нема да бидат доволни поради тоа што во некои општини ќе треба да се спровдат два круга на гласање, а ќе се избираат и советници и градоначалници. Сепак, ставките се, вели, усогласени и би требало да се покријат потребите.
Во однос на средствата од три милиони денари кои не им се доделени од Министерството за финансии, Комисијата одлучи барањето повторно да биде доствено до истото Министерство. Појаснија дека станува збор за набавка на техничка опрема за евиденција и идентификација на гласачите и за електронски избирачки список – обврска согласно измените на Изборниот законик од 16 02 20220 (член 108 а и член 45)
– Станува збор за фингер-принтери кој ќе ја олесни идентификацијата на галасачите, при што би требало да има софтвер со кој гласачот веднаш се идентификува, со што ќе се скрати постапката и ќе се врати довербата на гласачите во избирачкиот процес. Тоа е една од неколкуте мерките кои ги планираме за враќање на довербата на гласачите, рече Даштевски.
ДИК го усвои и годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки за 2021 година, односно за потребите за платите и за тековното работење на комисијата во износ од 77.297.000 денари. Сите набавки ќе одат преку електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки, вклучувајќи ги тука и оние за организирање на Локалните избори 2021 година.
-Набавките и оваа година ќе бидат транспарентни и може ќе се намалат цените заради поголемата конкурентност. Поголемиот дел од набавките за овие избори ги делиме заедно со општините каде ќе се спроведуваат изборите. Што се однесува до ОИК, избирачките одбори нивниот траснпорт до избирачкото место го плаќаат општините, додека техничкиот дел или материјалот спаѓа на товар на ДИК, рече потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху.
Меѓу ставките за набавки на стоки и услуги за изборите, се 2,5 милиони денари за средства за обележување и проверка на гласачите, за набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија два милиони денари, за изработка и печатење на доверлив изборен материјал и избирачки список 42 милиони денари, за дизајнирање прирачници и едукација на изборните органи 900.000 денари, избор на ПР агенција за обука на гласачи 2,8 милиони денари, и 1,2 милиони денари за закуп на мрежна опрема за поврзувае на ДИК со ОИК.
Една од најголемите ставки додаде членот на Комисијата, Борис Кондарко, се финасиските трошоци за видот на надоместоците кои ги определува ДИК со правилник за работа на изборните органи, односно за преку 36.000 лица ангажирани во сите 3.500 избирачки одбори и 80 ОИК-ии, а коишто по Законот за локални избори, паѓаат на товар на општините кои треба да ги планираат овие средства во редовните годишни буџети.
За медиумска кампања за платено политичко рекламирање за Локалните избори 2021 предвидени се 170 милиони денари. Доколу има потреба од повеќе ќе побараат и дополнителни средства од Министерството за финансии, изјави Даштевски на новинарско прашање.