ДИК: Одѕивот на гласањето до 13 часот 20,73 отсто


Одѕивот на гласањето на вториот круг од Претседателските избори до 13 часот изнесува 20,73 проценти.

Oд пристигнатите податоци од 99,07 отсто од избирачките места до 13 часот гласале 367.692 гласачи.

Крива Паланка, Крушево, Прилеп и Кратово се засега општини со најголема излезност, а со најмала остануваат Врапчиште и Желино.

Одѕивот на гласањето на првиот круг од Претседателските избори до 13 часот изнесуваше 20,45 проценти.