ДИК: Обработени над 50 отсто од гласовите, Пендаровски со минимално водство од еден процент


Според резултатите објавени на веб-страницата на ДИК од обработени 49,03 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,82 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова со 41,27, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 11,71 отсто.

Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти или на гласање излегле околу 700 илјади граѓани.