ДИК објави видео прирачник за едукација на изборните органи


Државната изборна комисија објави видео прирачник за едукација на членовите на општинските изборни комисиии и на избирачките одбори за спроведување на гласањето во странство за претстојните претседателски избори.

Во видеото и во елоктронски приложениот прирачник се содржани насоки и информации за комисиите и изборните органи кои ќе го спроведуваат процесот на гласање.

Целта на прирачникот, како што наведува претседателот на ДИК Оливер Дерковски, е да помогне за законито, квалитетно, стручно и навремено исполнување на сите активности кои произлегуваат од надлежностите на изборните органи предвидени со изборната регулатива.