ДИК: Излезноста до 9 часот е 5,19 отсто


Државната изборна комисија ја одржа првата прес конференција во 9.30 часот. Соопштија за излезноста до 9 часот, но од одработени податоци од 2.326 места од вкупно 3.480.

„Според податоците кои ДИК ги собра до 9 часот од 2.326 избирачки места, на гласање излегле 94.167 места, или во проценти 5,19“, изјавија од ДИК од каде што напоменаа дека според информациите со кои располагаат, сите гласачки места се отворени навреме во 7 часот, и во моментов гласањете трае непрекинато.

ДИК ги соопшти и официјалните информации околу излезноста за вчерашното и завчерашното гласање.

„Вкупно 723 граѓани го остварија своето право како позитивни на Ковид-19. На гласачките места во 13 Казнено поправни, 1.657, вкупно гласале 1.272 гласачи, во проценти 76,76. Во единствениот центар за внатрешно раселени, шест лица, и никој не излегол на гласање.

Од вкупно 8.852 гласачи кои се пријавиле како болни и немоќни лица, гласале вкупно 8.325 гласачи, во проценти 94,04. Во 17 установи во вонсемејна грижа, каде има запишано 350 гласачи, гласале 324“, соопшти портпаролот Адмир Шабани.

Во ИЕ 1 одѕивот на гласачите е 6,58 отсто. Најмногу гласачи до 9:00 имало во општина Аеродром каде одѕивот е 10,13 отсто, додека најмал е одѕивот во Студеничани – 1,81 отсто.

Во ИЕ 2 одѕивот е 4,58 отсто. Највисок е во Ѓорче Петров – 8,05 отсто, а најмал во општина Липково – 0, 93 отсто.

Во ИЕ 3 одѕивот до 9:00 часот е 6,1 отсто. Во оваа изборна единица најмногу гласачи до 9:00 часот излегле во Крива Паланка – 8,31 отсто и Пробиштип со 10,25.

Шабани не ги соопшти податоците од изборната единица 4.

Во ИЕ – 5 одѕивот е 5,22. Највисок е одѕивот во Кривогаштани 13,1, додека во Центар Жупа е најмал – 1,01 отсто.

Во ИЕ – 6 одѕивот на гласачите е 2,59. Во Јегуновце бил највисок 4,17 додека најмал во Врапиште 1,39 отсто.

Право на глас на овие избори имаат еден милион 814 илјади и 613 гласачи.

Шабани информираше дека во понеделникот правото на глас го искористиле вкупно 723 граѓани позитивни на Ковид -19 и во самоизолација.

Од вкупно 8.852 болни, немоќни и хронично болни чии пријави беа прифатени гласале 8.325 односно 94, 04 отсто

Во 13 Казнено-поправни домови од 1.657 запишани во избирачкиот список гласале 1.272 односно 76,76 отсто. Во 17-те старски домови од 357, гласале 234 избирачи односно 80,62 отсто. Шесте внатрешно-раселени лица не гласале.

До одржувањето на прес-конференцијата, официјало не пристигнал ниту еден приговор за гласањето до ДИК.