Дијаз има коронавирус, го пропушта дуелот со Сити


Фудбалерот на Реал Мадрид, Маријано Дијаз е позитивен за коронавирусот и нема да се натпреварува за тимот во возвратниот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, пренесува „Марка“.

Напаѓачот на шпанскиот шампион, наводно, е во изолација откако неговиот тест беше единствениот што беше позитивен за „Ковид-19“.

Неиграњето на Дијаз би можело да значи дека српскиот напаѓач Лука Јовиќ ќе добие шанса од клупата порано, со оглед дека двајцата го „делат“ местото на замена за Карим Бензема.

Дуелот меѓу Сити и Реал е на програмата на 7 август во Манчестер, а англискиот тим има предност од првиот меч од 2: 1.