Дигитална премиера на театарскиот проект „The PCR song“


Дигиталната премиера на видео театарски проект и краток експериментален филм „The PCR song“ во режија на Иванка Апостолова Баскар и нејзиниот креативен тим – нова продукција на Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА, ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот.

Иванка Апостолова Баскар е креатор, продуцент, режисер, визуелен драматург, а Димитрина Мицкоска е актерот кој ќе биде во улогата на Димитрина Квин Артур.

Проектот е снимен на инспиративни локации во Скопје, Скалите на Кале кон Француски воени гробишта, Отоманското турбе на Кралот К’зи на Гази Баба и  споменикот посветен на жртвите на земјотресот 26 јули 1963 нагробишта Бутел.

Проектот е поддржан од Град Скопје, а инспириран од аријата „The Cold Song“на Хенри Парсел.