Ди Франческо ќе ја преземе Севилја на крајот од сезоната


Поранешниот тренер на Рома, Еузебио ди Франческо ќе биде поставен за нов тренер на Севилја по завршување на тековната сезона.

Според „Кориеро дело спорт“ 49-годишниот италијански стручњак веќе ја посети Севилја и разговараше со спортскиот директор на „црвено-белите“ Мончи. Претходно, тие работеа заедно во Рома.

За потсетување, Ди Франческо беше отпуштен од Рома на 7 март 2019, по поразот (1:3) од Порто во вториот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Севилја која е предводена од тренерот Хоакин Капарос, е на 4.место во шпанската Примера со 52 бод апо 32 кола.