Девојката на Џејм Бонд тужеше компанија за неисплатен хонорар


Англија– Француската актерка Ева Грин (42) ја тужеше филмската компанија бидејќи тврди дека и должат милион долари за филмот „Патриот“.

Тие го откажаа снимањето на филмот во 2019 година бидејќи не успеаја да соберат доволно пари за неговата продукција. Актерката тврди дека не би се согласила на соработка доколку порано знаела дека буџетот за филмот ќе биде намален. Таа смета дека нискиот буџет може да и ја уништи кариерата и од поранешна Бонд девојка да ја претвори во актерка од втор ред, пишуваат странските медиуми.

Ева ја глумеше девојката на Бонд во филмот „Казино Ројал“, а во 2007 година ја доби наградата БАФТА за ѕвезда во подем.