Девојче е – Џо Џонас и Софи Тарнер станаа родители по втор пат


САД– Џо Џонас и Софи Тарнер го добија своето второ заедничко дете, потврдија претставниците на двете ѕвезди ексклузивно за PEOPLE. Двојката го дочека првото заедничко бебе, ќерката Вила, во јули 2020 година.

„Џо и Софи со задоволство го најавуваат доаѓањето на нивното девојче“, велат претставниците.

Актерката од „Game of Thrones“ (26) потврди дека таа и нејзиниот сопруг (32) го чекаат своето второ дете во интервју за „Elle UK“, објавено на почетокот на мај.

Тоа е она што е живот за мене – воспитување на следната генерација“, изјави Тарнер за публикацијата. „Најголемата работа во животот е да ја видам ќерка ми како е успеѓна во животот. Многу сме возбудени што ќе го прошириме семејството. Тоа е најдобриот благослов досега“.

Џонас и Тарнер се венчаа на изненадувачка церемонија во Лас Вегас во мај 2019 година, пред повторно да кажат „да““ на поголема прослава во Франција следниот месец. 

Возбудливата бебешка вест доаѓа набргу откако беше објавено дека братот на Џо Ник Џонас и неговата сопруга Пријанка Чопра Џонас добија бебе преку сурогат.

„Пресреќни сме“, напиша пејачката на Инстаграм за доаѓањето на нивното девојче Малти Мари.

Постариот брат Кевин Џонас, исто така, има две деца со неговата сопруга Даниела, со која се ожени во декември 2009 година.