Девојче (3) си ја уби сестричката (4)


 

Тригодишно девојче пронашло наполнет пиштол во својата куќа во Тексас, САД и случајно ја застрелала својата четиригодишна сестричка, која починала.

Ед Гонзалес, шериф на округот харис, вели дека инцидентот се случил вчера околу 20 часот и дека девојчињата биле во спалната соба, во станот каде живееле со родителите. Со нив во поширокиот дом, живеат и други членови на семејството.

Девојчињата биле во спалната без родителски надзор кога помалото девојче го нашло пиштолот и испукало еден куршум во својата сестра.

Откако слушнале истрел родителите дотрчале и ја пронашле четиргодишната ќерка мртва. Веднаш повикале полиција и итна помош.

Окружното обвинителство на Харис по истрагата ќе одлучи дали нејкој од родителите и другите од семејството ќе се соочат со обвинение. Истрагата е во прелиминарна фаза.

„Кога дете ќе го изгуби животот на овој начин, заедницата е погодена. Оваа трагедија можеше да се избегне. Мора да продолжиме да праќаме порака дека ова може да се спречи. Мора да бидете одговорен сопственик на оружје и да го чувате на безбедно место. Тоа е повеќе од она само да му речете на детето да не го фаќа оружјето. Мора да направиме малку повеќе. Премногу трагедии се случија на овој начин“, вели шерифот Гонзалес.