Девизните резерви во мај зголемени за 51 милион евра


Фото: Б. Грданоски

 Девизните резерви на крајот на мај годинава изнесувале 4,17 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 51 милион евра, соопшти Народна банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,2%), по што следуваат валутите и депозитите (27,1%) и монетарното злато (9,7%).