Девизните резерви во јануари биле 3,77 милијарди евра, три четвртини се во хартии од вредност


Девизните резерви на крајот на јануари годинава изнесувале 3.775,6 милиони евра, соопшти Народна банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (75,2 отсто), по што следуваат валутите и депозитите (14,4 отсто) и монетарното злато (10,3 отсто).