Деветти ден антивладини протести во Бугарија


 

Во Софија и други бугарски градови, деветти ден по ред, се одржуваат протести против владата и генералниот обвинител.

Учесниците на протестот во Софија почнаа да се собираат пред зградата на председништвото во раните попладневни часиви, иако официјалниот протест беше закажан за 17 часот.

Порано денеска, заменик-шефот на полицијата во Софија Антон Златанов рече дека осум лица се задржани во притвор на 16 јули, пред и по антивладините протести во престолнината на Бугарија.

Златанов рече дека дрога е пронајдена кај двајца од приведените, а кај шестмина се најдени ножеви, солзавец и пиротехнички средства.

Регионалниот суд во Софија денеска, исто така, одреди кауција за четири млади момчиња, кои се уапсени затоа што ги гаѓале полицајците со шишиња и метални лименки и фрлале на зградата на народното собрание во текот на антивладините протести на 14 јули.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во средата побара од министерот за финансии, економија и внатрешни работи да поднесат оставки поради протестите одржани ширум земјата против корупцијата.