Деветгодишник позитивен на корона вирусот бил во контакт со 170 луѓе и никого не заразил


Деветгодишно момче било заразено од бизнисмен кој се заразил со вирусот во Сингапур. Момчето било во француски ски-центар, пред да се врати во Лондон.

Повеќето од гостите во францускиот ски-центар, биле заразени, но истрагата на француските власти открила дека момчето, кое било во контакт со најмалку 172 лица, не заразило никого.

Момчето покажало респираторни симптоми, како и неговите родители, но инфекцијата кај нив не била потврдена.

Лекарите утврдиле дека момчето има корона вирус, грип и настинка и ги заразил своите браќа со грип, но не и со коронавирусот.

“Момчето, кое имало симптоми на други респираторни заболувања, присуствувал на три ски-училишта, но не учествуваше во преносот на вирусот. Се чини дека тоа сведочи за потенцијално различна динамика на распространетост кај децата”, изјави францускиот епидемиолог Костас Данис за „Гардијан“.

Момчето имало само благи симптоми и кога било тестирано, откриени се само траги од вирусот, што, велат научниците, е одговорот зошто тој не го пренел вирусот на сите негови контакти.

Се верува дека имунолошкиот систем на детето е помоќен од возрасните, па затоа тие можат подобро да го толерираат вирусот и да заздрават.