Детска клиника работи со полн капацитет -зголемен број пациенти со проблеми во дишењето


Зимскиот период секогаш но си зголемен број пациенти заболени од сезонски вируси, пациенти со проблеми во дишењето, но и цревни инфекции, а поради тоа Детската клиника работи со полн капацитет.

– Во овој дел на годината доминираат тие сезонски вируси кои се сѐ почести и тоа е речиси секоја година. Во овој дел од годината имаме зголемен број пациенти со респираторна симптоматологија и цревни инфекции кои се третираат на нашата клиника и ја добиваат потребната нега. Секако дека работиме со полн капацитет, се обидуваме да направиме максимална тријажа и тие потешки пациенти да ги задржиме на болничко лекување – вели директорот на Детската клиника д-р Реџеп Мемети.

Вчера беше регистран првиот случај на заболен пациент со метапневмовирусот во Грција, па алармот и кај нас беше подигнат, иако како што посочуваат лекарите тоа е стар вирус, присутен  во земјава од 2001 година и не треба да се очекува да биде нов Ковид-19.

Доктор Злате Мемедовиќ од Комисјата за заразни болести, вели дека нема простор за паника ниту кај нас, ниту каде било. Вирусот е стар и вообичаено циркулира во зимските месеци.

Со смирувачки тонови и директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, посочува дека вирусот е присутен но дека по однос на истиот не треба да се крева паника бидејќи истиот бил присутен и претходната сезона, односно дека истиот вурус не е нов туку веќе постоечки. Апелира на смиреност и без потреба од било какви паники.

Вакцина за овој вирус не постои, а смртноста е исклучително ниска, многу пониска од таа на грипот. Симптомите се како кај грипот – секреција, кашлање, кивање, телесна температура, болки во зглобови. Метапневмовирусот најчесто се пренесува преку близок контакт.