Дете во Канада почина откако било оставено во врел автомобил


Дете на возраст од две години во Канада било оставено само во жежок автомобил, поради што починало, јавуваат канадските медиуми.

Градоначалникот на канадскиот град Банкрофт, Пол Џенкинс, го потврди идентитетот на мочето.

Се работи за Еверет Смит, кој за еден месец требало да наполни две години. Тој починал во четвртокот, откако бил оставен во автомобил пред средното училиште во кое неговата мајка работи како професорка.

Според градоначалникот, мајката имала намера да го остави синот во градинка пред да дојде на работа. Џенкинс вели дека никој не го забележал Еверет во паркираниот автомобил пред училиштето, до крајот на школскиот ден, околу 15.45 часот.

Поголемиот дел на јужно Онтарио тој ден бил под предупредување за жештини, со температури повисоки од 30 степени Целзиусови. Максималната температура забележана дента во Банкрофт била 27,1 степен. Момчето е превезено во болница со итна помош, но набрзо потоа бил прогласен за мртов.