Дескоска нема да биде министерка, се враќа на Правниот факултет


Фото: Б. Грданоски

Актуелната министерка за правда од редовите на СДСМ, Рената Дескоска, во изјава за ТВ 24 потврдува дека се повлекува од извршната власт.

-Јас најавив пред извесно време дека сакам да се вратам на мојата професија и да се посветам на стручна работа. Секако, Владата, премиерот Заев и кој и да е новиот министер за правда ќе ја имаат мојата целосна стручна поддршка – вели Дескоска.
Дескоска, која пред трансферот во правда беше министерка за образование, е професорка по уставно право и политички систем на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.