Дескоска : Не гледам јавен интерес во објавувањето на Јанкуловска со лисици на рацете


Фото: Б. Грданоски

Поранешната министерка за внатрешни работи Рената Дескоска реагираше на објавената снимка од Гордана Јанкуловска при спроведувањето во суд со лисици на рацете.

-Jас не гледам јавен интерес во објавување на слики на лице лишено од слобода со лисици на рацете. Но гледам  повреда на нејзиното достоинство и будење на ниски страсти кај публиката. Правилото „око за око, заб за заб“ не е правило врз кое треба да се заснова демократски систем кој ги почитува човековите права. Тоа значи дека демократска држава не спроведува мачење како казна на некој што мачел, или не извршува силување врз некој што силувал. Општеството не смее да се симне на нивото на криминалецот. Лошите пракси не смее да се применуваат, дури ни над оние кои ги применувале некогаш.Човекови права за сите! Без исклучок, напиша Рената Дескоска.