Десетици руски авиони мистериозно исчезнаа


Руските власти го истражуваат мистериозното исчезнување на неколку авиони, од кои некои завршиле во рацете на украинските сили кои се борат против московските трупи, јавуваат руските медиуми.

Руската служба за безбедност ФСБ ги истражува наводите дека Московската Федерална агенција за воздушен транспорт Росавијација испратила руски цивилни авиони и хеликоптери во „непријателските земји“, објави рускиот весник „Известија“ поддржан од државата.

„Федералната служба за безбедност покрена две кривични постапки за небрежност и злоупотреба на овластувањата против неколку вработени во Федералната агенција за воздушен транспорт“, пренесува „Известија“. Вработените се „осомничени дека незаконски извадиле 59 авиони и хеликоптери од руска јурисдикција“.

Извесен број од исчезнатите авиони Украина ги користела во воени операции против Русија, објави „Известија“, повикувајќи се на два анонимни извори од руските полициски сили и неименуван извор од московското Министерство за транспорт. Украина употреби неколку хеликоптери Ми-8, како и повеќенаменски стратешки воздушен транспортер Ил-76 против силите на Москва во Украина, објави весникот.

Newsweek побара коментар до Руската Федерална агенција за воздухопловство, Министерството за транспорт и украинската војска. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби да одговори на прашањата за истрагата на ФСБ.

Министерството за транспорт изврши ревизија на евиденцијата на Росавијација за цивилни авиони во јули 2023 година, а недоследностите доведоа до кривични истраги, објави Известија. Вработените во Федералната агенција за воздушен транспорт го „избришале“ авионот од регистарот на граѓански имот „без целосни комплети документи, тие дале контрадикторни и неверодостојни информации за локацијата на леталото надвор од Русија“, јавуваат руските медиуми.