Десетгодишно момче му пријде на Папата и остана покрај него за време на аудиенцијата
Десетгодишно момче „го украде шоуто“ во Ватикан кога се приближи и седна покрај папата Франциск за време на неговата неделна аудиенција, пренесуваат италијанските медиуми.
Како награда за истрајноста, тој доби бела капа, слична на онаа на Папата.
Момчето, кое, како што подоцна забележа Папата дека е со попреченост, носеше заштитна маска и тренерка, а му пријде на Папата на почетокот на аудиенцијата. Вработените во обезбедувањето не се обидоа да го спречат, а момчето потоа се ракуваше со Папата.
Како што пренесуваат медиумите, кога веќе им беше јасно на сите дека момчето сака да остане покрај Папата, шефот на протоколот, Леонардо Сапиенца, стана и му ја отстапи столицата од десната страна на Папата.
Добро расположениот Папа, кој цело време го држеше момчето покрај себе, ја пофали „спонтаноста и слободата“ што ја имаат децата.
“Благодарен сум на ова момче за лекцијата што ни ја одржа. Бог да му помогне со неговите ограничувања, како што ќе расте, бидејќи она што го направи доаѓа од срце”, рече папата Франциск.