Грција го зголеми од седум на десет дена карантинот за патниците кои од Велика Британија ќе влезат во земјата.
Иако вчера беше најавен седумдневен карантин, од денеска во сила е нова одлука според која, согласно Службата за цивилно воздухопловство на Грција, сите оние кои во земјата ќе пристигнат од Велика Британија потребно е да бидат десет дена во карантин, а негативен ПЦР тест на десеттиот ден е предуслов за завршување на изолацијата.
Освен карантинот, како и за сите патници во Грција, за влез во земјата задолжителен е и негативен ПЦР тест, а по пристигнувањето се вршат и рапид тестови.
Во Грција, од петокот во сила е одлуката за сите оние кои пристигнуваат за новогодишните и божиќните празници, освен тестовите, задолжително да бидат во тридневен домашен карантин.