Десет тони медицинска помош пристигна од Обединетите арапски емирати


Десет тони помош за борбата против пандемијата предизвикана од коронавирусот пристигнаа вчера на аеродромот во Скопје. Помошта е во рамките на Емирејтс еид (Еmirates aid – Covid19 Global response) под покровителство на шеикот престолонаследник и заменик – врховен командант на вооружените сили на Обединетите арапски емирати, Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, принцот на Абу Даби, соопшти Министерството за здравство.

Посочија дека станува збор за донација на заштитни маски, скафандери, визири, заштитни очила и ковид тестови од Обединетите арапски емирати.

Опремата и тестовите, како што се нагласува, во текот на наредните денови ќе бидат распределени низ болниците во земјава.

Министерот за здравство Венко Филипче се заблагодари за донацијата, посочувајќи дека во време кога целиот здравствен систем секојдневно се бори со зголемениот број пациенти со Ковид – 19, секоја помош е добродојдена.