Десет паметни начини како да ја искористите алуминиумската фолија


 

Со години алуминиумската фолија се користи главно во кујната, но во новата ера на „направи сам“, таа е позната како чудо, затоа што е евтин производ кој може да се користи за многу работи.

Еве десет начини како да ја употребите:

Подолго може да ги чувате бананите

Ако не сте љубител на презреани банани, се што треба да направите за подогло да остане свежа е да го замотате со алуминиумска фолија коренот на бананата.

Може да го замени омекнувачот

Ако немате омекнувач за алишта во перењето ставете три цврсти топки од фолија во алишатата, кои че ја ослободат облеката од статичкиот електрицитет. Воедно топлината која ќе ја впијат топките побрзо ќе ги исуши алиштата.

Наострете ги ножиците

Со тапа ножица пресечете десетина пати фолија… тоа ќе ја наости ножицата.

Затворете пластични ќесички

Остатоците од храна кои ги чувате во ќесички подолго ќе ги зачувате ако на отворот ставите алуминиумска фолија и пеглате преку врвот, топлината ќе ја затвори вреќичката.

Варосување

Во кантата за боја ставете фолија од внатрешната страна, полесно ќе ја измиете подоцна.

Осветлување за фотографија

Поголем картон завиткајте со фолија и на тој начин ќе ја насочите светлината кон објекото кој го фотографирате.

Помага во пеглање

Алуминиумската фолија може да ви помогне во пеглањето. Ставете фолија на масата за пеглање, под навлаката. Топлината која ја рефлектира ќе ви помогне побрзо да испеглате, а ќе штедите и енергија.

Сопрете го мебелот што се движи

Мебелот кој се движи ќе го сопрете со парче фолија на краевти без разлика на која површина стои.

Чиста рерна

Постелете фолија во рерната и ставете го ручекот. Доколку дел од водата истече таа ќе падне на фолијата.

Исчистете го среброто

Ако имате сребрен прибор за јадење или накит, ставете фолија во подлабок сад, потоа сребрените работа, па полејте со со вода во која ќе ставите лажичка сол. Среброто ќе блесне