Десет незгодни прашања за Бугарија во врска со ветото против Македонија


Бугарскиот портал „Медиапул“ објави десет незгодни прашања за бугарската влада во врска со спорот и блокадата на Македонија:

1. Зошто Бугарија го предложи контроверзниот бизнисмен Јордан (Орце) Камчев за почесен конзул во Скопје и така се поврза со корупциските скандали. Според локалните медиуми, Бугарија се обидела да го „спаси“ Камчев од истрагата, а потоа дури и му дала обезбедување.

2. Зошто Бугарија не покажа конзистентна политика и не го покрена прашањето за јазикот на омраза и кражба на историјата пред да се приклучи Северна Македонија во
НАТО? Така, Софија дозволи да се рефлектираат нерешените билатерални прашања
во Алијансата. Нешто што стана исклучително видливо кога се дискутира за блокирањето на рамката за преговори од Бугарија за членство на Северна Македонија во Европската унија.

3. Зошто владата си дозволи да го потпише Договорот за соседство со Скопје иако  претходно беше критикуван од експерти поради недостаток на механизми за спроведување и контрола? Дали Министерството за надворешни работи има
доволно обучени експерти за Северна Македонија за да формулираат јасни
позиции (вклучително и без фактички грешки)?

4. Како се избрани членовите на историската комисија од бугарска страна и зошто
владата ги изолираше од формирањето на бугарската позиција поумерените историчари и јавни личности?

5. Зошто премиерот го препушти дијалогот со Скопје на министерот за одбрана Красимир Каракачанов, чие портфолио како заменик-премиер не е надворешна политика и дали тој не го стори тоа во предизборни цели?

6. Потценета ли е темата во Бугарија, покажувајќи последните три години неконзистентна политика кон Северна Македонија, вклучително и несогласување во тонот меѓу министрите и премиерот?

7. Зошто беше дозволено Бугарија да се најде во европска изолација? Бугарија очекуваше дека нејзините барања ќе се рефлектираат во преговарачката рамка на Северна Македонија, но тоа не се случи, иако другите земји-членки беа свесни за желбата на Софија. Партнерите во ЕУ не ги разбираат бугарските мотиви за вето, особено поради фактот дека Софија беше главен поддржувач на европската перспектива на регионот и ја направи оваа кауза приоритет на своето прво претседателство со Советот на ЕУ во 2018 година.

8. Дали бугарската влада стана „сојузник“ на проруската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која ги користи билатерални односи против владата на Зоран Заев и во голем
степенот е одговорна за јазикот на омраза кон Бугарија?

9. Дали постои стратегија во бугарската влада за да се поправи штетата во однос на  довербата кај обичните македонски граѓани кон Бугарија?

10. Зошто Бугарија си дозволи да стане „нова Грција“ за Северна Македонија, а Атина
да го чува нивното небо и да нарачува вакцини на европско ниво за оваа држава?