Десет книги за античката филозофија од академик Витомир Митевски


Излезе од печат авторската едиција во десет книги на академик Витомир Митевски под заеднички наслов „Античката филозофија и нејзиното влијание“ во издание на „Матица македонска“.

-Таа е резултат на дводеценискиот проект на авторот и всушност претставува серија од монографски дела од кои секое обработува една тематска целина. Првите шест книги поодделно се посветени на: Раната старогрчка философија на Сократ, Платон, Аристотел, Хеленизам и Рим и Доцна антика. Потоа следат четири книги кои го обработуваат влијанието на античката филозофија низ вековите сè до наше време: Античката философија и Византија, Античката филозофија и средновековието на Запад, Античката филозофија и западното нововековие и Античката филозофија и словенскиот свет, информираат од „Матица македонска“.

Оттаму истакнуваат дека е изданието во целина по својата сеопфатност и темелност е реткост во светската филозофска литература.

-Настојувањето на авторот да се изразува со едноставен стил и јазик овозможува и некои посложени филозофски проблеми да бидат разбирливи за пошироката читателска публика, велат од „Матица македонска“.