Десет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
На поменот пред паметникот на Кејот на езерото поставен во знак на сеќавање на настраданите најавено е присуство на делегации на Општина Охрид, на бугарските дипломатски и културни претставништва во земјата, на Капетанијата на пристаништа, на Здружението на граѓани „5 септември“ и на граѓани.
Несреќата се случи на 5 септември 2009 година во 10:30 часот, кога потона бродот „Илинден“ што со 57 патници сообраќаше на релација од Охрид за Свети Наум. „Илинден“ се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.
Осум од жртвите беа жители на Општина Антон, четворица од Општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибариц.