Денот на Албанската азбука 22 ноември неработен за припадниците на албанската заедница

Денот на Албанската азбука, 22 ноември (недела), е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од  Министерството на граѓаните припадници на албанската заедница им го честитаат Денот на Албанската азбука.