Денис Квејд се сврши со 39 години помлада студентка


САД- Холивудскиот глумец Денис Квејд (65) се сврши по четврти пат, а неговата избраничка е Лора Савоје (26) , која е 39 години помлада од него, и е докторантка на универзитетот во Тексас.

Тие биле неколку месеци во љубовна врска. Тој ја запросил викендов при заедничка прошетка во Оаху. Квејд при зајдисонце, ја замолил да се сликаат…

– Во мигот кога таа нѐ фотографираше, јас ѝ го покажав прстенот и ја прашав дали ќе се омажи за мене. Тогаш падна…, раскажува глумецот.

Квејд бил три пати досега во брак- со Кимберли Квејд (2004 до 2018 година), Мег Рајан (1991 до 2001 година) и П. J. Солс (1978 до 1983 година).