Денис Квејд се ожени тајно, со еден сведок


САД-Aктерот Денис Квејд се ожени во тајност со Лора Савуа. Двојката, која се сврши минатиот октомври, ја напушти Санта Барбара и се венча во приморско одморалиште на 2 јуни.

Бидејќи планираа венчавка во април на Хаваи и втор прием за семејството и пријателите во Нешвил, двајцата мораа да ја одложат прославата откако случи пандемијата со Ковид-19. На 2 јуни, само со нивниот свештеник како сведок, Квејд (66) и Савуа (27) разменија традиционални завети и прстени на Булгари.

„Само што ја гледав во очи, таа беше најубава невеста“, изјави Квејд, кој се одлучи за костум „Хуго Бос“.

Со Савуа се запознале на  деловен настан пред да започнат да се дружат во мај 2019 година. „Тоа беше љубов на прв поглед“, вели актерот, кој претходно беше три пати во брак, а најпознат беше тој со актерката Мег Рајан.