Денеска во Хрватска регистрирани 77 нови случаи на Ковид-19, починаа петмина

Во изминатите 24 часа во Хрватска забележани се 77 нови случаи со корона вирус, а починаа петмина.
Во моментот активни се 881, јави Националниот штаб за цивилна заштита.
Меѓу ни се 134 пациенти во болница, а деветмина се на респиратор.
Од последиците на Ковид-19 починаа петмина.
Од февруари наваму во Хрватска се забележани 4.792 лица заразени со корона вирус, од кои 133 починаа, а 3.778 оздравеа.
Во самоизолација се 3.350 лица. До денеска тестирани се вкупно 110.514 лица, од нив 1.156 во последните 24 часа.