Денеска во БиХ 15 жртви на Ковид-19, заразени уште 208


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа заразени се уште 208 лица, а починаа 15, пренесуваат босанските медиуми.

Во Федерацијата БиХ тестирани се 1.454 примероци, од кои 161 позитивни. Досега тестирани се вкупно 96.839, а корона вирусот е потврден кај 8.770 лица. До денеска оздравеле 5.090, а активни се уште 3.452.

Изминатото деноноќие починале 10 пациенти, со што вкупно починаа 228 луѓе.

Во република Српска пријавени се пет смртни случаи. Досега во РС потврдени се 5.694 случаи со Ковид-19, а починаа вкупно 204 пациенти.