Денеска регистрирани 131 новозаразен, шест починати


Фото: Б. Грданоски

Министерството за здравство  денеска информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале шест лица, односно, пациент од Охрид на 56 години, двајца пациенти од Скопје на 63 и 80 години, двајца пациенти од Прилеп на 78 и 54 години и пациент од Штип на 82 години.

Во изминатото деноноќие е потврден 131 нов случај на Ковид-19, односно, регистрирани се 34 случаи во Скопје, 20 во Куманово, 12 во Гостивар, десет во Делчево, осум во Прилеп, по шест во Берово и Виница, по пет во Штип и Свети Николе, по четири во Охрид и Гевгелија, по три во Струга и Кочани, по два во Битола, Струмица и Кавадарци и по еден случај е регистриран во Велес, Радовиш, Македонски Брод, Валандово и Кратово.

Институтот за јавно здравје регистрирал 81 оздравен пациент, односно, 27 од Скопје, 11 од Тетово, десет од Штип, девет од Гостивар, по пет од Струга и Струмица, четири од Виница, по три од Делчево и Кичево и по еден од Дебар, Битола, Радовиш и Кочани.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.293, бројката на оздравени пациенти е 11.014, на починати е 596, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.683. Денеска се евидентира еден контролен тест од вчера“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје, во изминатите 24 часа примен е еден пациент, а вкупно се хоспитализирани 73 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 45, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, шест позитивни деца, четири мајки и четири деца суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се четири нови, вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респираторна машина се три пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 10, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 111, позитивни и сомнителни на ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 147.002 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.297 теста.

Денеска се евидентира еден контролен тест од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5895, активни 856
• Куманово 1468, активни 377
• Дебар 252, активни 84
• Штип 1134, активни 169
• Прилеп 455, активни 107
• Тетово 1208, активни 164
• Струга 560, активни 59
• Велес 270, активни 31
• Битола 203, активни 40
• Охрид 337, активни 34
• Кавадарци 182, активни 80
• Гостивар 779, активни 233
• Гевгелија 49, активни 28 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 65, активни 21
• Крива Паланка 46, активни 17
• Радовиш 42, активни 6
• Крушево 16, активни 0
• Кочани 143, активни 29
• Пробиштип 80, активни 15
• Демир Хисар 60, активни 16
• Македонски Брод 71, активни 18
• Пехчево 18, активни 12
• Берово 57, активни 48
• Валандово 9, активни 2
• Виница 70, активни 38
• Делчево 59, активни 50 (11 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 18, активни 3
• Свети Николе 287, активни 63
• Кичево 269, активни 70
• Ресен 146, активни 0
• Неготино 45, активни 13 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1297 теста се преку: ИЈЗ- 654, ЦЈЗ Скопје-6, Авицена-162,  Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-195, Систина со PCR метода -160, лабораторија Лаор –70, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-35, Инфективна клиника-7, ГАК-8, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 147.002 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 110
• Гази Баба – 103
• Аеродром – 108
• Карпош – 88
• Центар – 80
• Кисела Вода – 100
• Ѓорче Петров – 55
• Бутел – 66
• Шуто Оризари – 32
• Студеничани – 25
• Сарај – 25
• Арачиново – 15
• Илинден – 13
• Сопиште – 7
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 10
• Зелениково – 3
• Странец – 10

• Нераспределен – 2.