Денеска одлука како да се преминуваат границите со соседите


Како ќе се преминуваат границите кон соседите, дали и ние ќе бараме тестови ако се бара тоа од нашите граѓани, како ќе се изведе тоа, дали ќе се задржат тестовите на одење и на враѓање, се теми за кои одлука, според министерот за здравство Венко Филипче, треба да се донесе денес, иако се најавува и се дискутира одамна.  Филипче најави дека денеска би требало да реши сѐ во однос на можноста за патување во странство за македонските граѓани.

-Анализата покажува дека целиот регион е во ист епидемиолошки ризик. Дискутиравме и утре ќе решиме. А денес разговараме и со министерствата за здравство во соседните земји. Дали и ние ќе бараме тестови ако при влез од некоја земја од нашите граѓани тоа се бара, тоа ќе биде една од темите. Има и други опции, на пример потпишување документи за следење, што на почетокот на кризата се практикуваше во авион“, изјави вчера Филипче.