Денеска може да го видите делумното затемнување на Сонцето од плоштад


Делумно затемнување на Сонцето може да се види денеска, вторник 25.10.2022.
 
Од Македонија, по подолго време ќе имаме можност да видиме делумно затемнување на Сонцето. Кај нас, Месечината ќе го прекрије дискот на Сонцето некаде околу 30-тина проценти.
Настанот ќе почне околу 11.30 ч., максимумот на затемнувањето ќе се случи околу 12.30 ч., а затемнувањето ќе заврши околу 13.30 ч.
 
Во Скопје ќе биде поставен телескоп во центарот на градот на плоштадот. Покрај телескопот, ќе можете да видите и други начини како може да се набљудува Сонцето, без опасност да го оштетите видот. Сите се добредојдени да го видат овој редок феномен на небото, велат од Астрономското друштво.
 
ВНИМАНИЕ. Немојте никако да го набљудувате Сонцето со голо око или уште полошо со некој оптички инструмент без соодветни филтри.
 
Фотографијата е преземена од линкот: https://www.facebook.com/photo/?fbid=668619344610882&set=a.220016599471161