Денешните бројки ја загрижуваат Србија – нови 214 заболени


Во Србија во последното деноноќие се регистрирани 214 новозаболени лица со Ковид-19, две лица починале а биле направени 3.325 тестови.

Денешните бројки за Србија се загрижувачки, затоа што минатата недела на двојно повеќе тестирани бројот на нвозаразени беше помал или приближно ист.

Минатата недела, на 11 октомври од 2.906 тестирани имаше 102 позитивни, а првата недела од месецов,на 4 октомври од 2.667 тестирани, тој ден имаше 59 позитивни.

Од почетокот на пандемијата на корона досега во Србија се потврдени 36.260 заразени лица, вкупната бројка на починати е 776, а биле направени дури 1.236.118 тестови.

Во српските болници во моментов на распиратор се 24 пациенти.