Денес потпис на договорот за проектите на општините, целиот список се уште се крие


Во Владата денеска напладне ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за капитални инвестиции во општините. 

Овие средства се дел од унгарскиот заем што на 8 октомври во Будимпешта во име на Владата го потпиша министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Останатите 250 милиони евра од унгарскиот заем треба да бидат наменети за бизнис секторот. 

Откако аплицирањето беше изведено во нелогично краток рок, така што општините мораа да конкурираат со неподготвени документи, две недели по објавувањето на одлуката кој ќе добие од парите го нема списокот што го најавуваа  од Владата. Без оглед што некои од општините објавија за кои проекти добиле финансиска поддршка и колку, целата листа од која може да се види колку била реална распределбата и каде ќе одат силните милиони од Унгарија никако да биде објавена во јавноста. Поради тоа пак и натаму од влдата лефтерно тврдат дека не чинеле проектите на Град Скопје и неколку општини од опозицијата, додека во исто време пари се дале и за патеки на гробиштата во Охрид.