Денес ќе се решава за можно отворање на границите

Комисијата за заразни болести на денешната седница како една од главните теми ќе ја разгледува можноста за отворање на границите. Министерот за здравство Венко Филипче во минатата недела неколку пати повтори дека е рано за отворање на границите.

Од соседните земји, Албанија од 1 јуни ги отвора границите за Македонија, додека Србија веќе ги отвори.

Покрај тоа, на денешната седница Комисијата би можело да разговара и за отворање на угостителските објекти што беше најавено за оваа недела.