Денес ќе се преиспитуваат мерките за епидемијата


Денес треба да се одржи состанок на Комисијата за заразни болести на кој ќе се анализира епидемиолошката слика и ќе се реши дали во Македонија ќе бидат воведени построги заштитни мерки за епидемијата, односо полициски час или карантин.

Здравствените власти веруваат дека мерките кои се на сила, воведени пред извесно време ќе почнат да даваат резултати. Очекуваат задолжителното носење маски на отворено, забраната за групирање на повеќе од четири лица во текот на целиот ден, како и работењето на кафулињата, рестораните и останатите угостителски објекти само до 21 часот да дадат резултати во однос на намалувањето на трансмисијата на вирусот. Министерот за здравство Венко Филипче, смета дека се потребни барем две недели, за да се видат извесни резултати од актуелните мерки. Тој сепак не ја исклучува можноста и за построги рестриктивни мерки.

-Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викеднот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд, изјави министерот Филипче во четвртокот.Д