Светски ден на книгата и авторското право: Македонскиот идентитетски код е впишан и во македонското литературно творештво


Во светот денеска се одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право – 23 Април, востановен од УНЕСКО во 1995 година.


Овој датум се празнува секоја година глобално, како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега. Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза.

Министерката за култура, Бисера Костадиносвка – Стојчевска го честита 23 Април -Светскиот ден на книгата и на авторското право со следната изјава:

Кога ја славиме книгата и значењето на авторското право, ставаме акцент на македонската, но и на светската литература, на потребата и значењето да читаме и да пишуваме на својот јазик, да ги преведуваме нашите дела на јазиците на светот.

Тоа води кон поголема свесност за културниот и националниот идентитет и зајакнување на културните вредности, правејќи нѐ поконкуретни во глобалниот свет.

На Светскиот ден на книгната кога го славиме богатството што книгите го носат, како знаење, како информации, како забава, средство со кое полесно го разбираме светот, ви го препорачувам научниот труд ,,Македонски визуелен идентитет: дизајнот како можност за еволуција на  традициите од визуелното културно наследство”, на Гордана Вренцоска.

Трудот ја истражува македонската визуелна ,,генетика” и културните традиции и е доказ дека пишаниот збор останува сила за реализација на многу идеали.

Во овој жив процес, остануваме доследни на почитување на мајчиниот јазик, со почит кон  различностите, и продолжуваме со промоција на дела од македонската култура како и културата на сите јазици следејќи ја глобалната тенденција – литературата и културата да станат зедничко светско јавно добро.

На сите писатели, издавачи, публицисти, книжевни критичари и творци од областа на литературата им го честитам Светскиот ден на книгната и на авторското право, со желба дека секогаш ќе бидете инспирирани за убав македонски збор кој ќе ги освојува читателите ширум светот. Министерството за култура ќе продолжи да ве поддржува, со настојување од година во година да се зголемува поддршката.