Денес дигитален конгрес на СДСМ
Владејачката партија СДСМ денеска ќе го одржи 25. Конгрес, кој ќе биде прв дигитален во земјава, а за таа цел, како што нагласува партијата, ќе се користат современи дигитални платформи и алатки.
Првиот дигитален Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електронска платформа Зум, а партијата на овој чекор се решила заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници.
Конгресот ќе го отвори ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Ќе има отворен и работен дел со соодветен пренос во живо .
По завршување на Конгресот, претседателот на партијата, Зоран Заев, ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги презентира донесените одлуки. Прес конференцијата ќе се реализа преку дигиталната платформата Зум.