Дендијас во Португалија разговарал за проширувањето на ЕУ
На еден ден пред средбата со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар османи, грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Дендијас, беше во посети на Рим и Лисабон за да разговара за приоритети на ЕУ во наредниот период, за борбата против корона вирусот, за напнатоста во источниот Медитеран, мигрантите и за проширувањето на Унијата кон Западен Балкан. Дендијас беше во Лисабон само два дена откако таму во посета беше грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Според сооопшението на грчкото министерство за надворешни работи Дендијас бил информиран од неговиот португалски колега Аугусто Сантос Силва за приоритетите на претседателството на неговата земја.
Во соопштението се наведуваат и овие зборови на Дендијас: „Разговарав со мојот португалски колега за прашањето за процесот на проширување на Европската унија. Земјите од Западен Балкан гледаат кон Европа и преземаат реформи за да можат да се приклучат на нашето европско семејство. Позицијата на Грција е дека треба да ја држиме вратата отворена и да ги охрабриме, колку што можеме, на овој пат. Доколку не се стори тоа, не само што ќе се загрозат реформите, туку ќе се загрози и европскиот експеримент во неговата целина“.