Дендијас порачува: Лизгањето на Балканот кон минатото е ризично


Министерот за надворешни работи на Грција порачува: Обврските од Преспанскиот договор мора да се исполнуваат

 

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, во неколку дена дава повеќе изјави во кои предупредува на ризикот од можното лизгање кон минатото во балканските држави кои се претенденти за влез во ЕУ. Тој тоа го направи во интервјуто дадено за весникот „Врадини“, а пред неколку дена и за време на посетата на словенечкиот министер за надворешни работи, Анже Логар, на Љубљана.

Во разговорот за „Врадини“ тој истакна дека владите доаѓаат и си одат, но дека обврските од Преспанскиот договор остануваат. „Во демократските општества, владите доаѓаат и си одат, но државите и обврските што ги преземаат остануваат. Нова Демократија не гласаше за Договорот од Преспа и имаше остри приговори за конкретни точки, за чии последици, на најинституционален начин предупреди во грчкиот парламент. Но, не криеше, како по изгласувањето на Договорот, така и од првиот момент кога ја презеде функцијата, дека ќе го спроведе“, истакна Дендијас.

Шефот на грчката дипломатија објаснува дека на сите средби и во сите разговори со функционерите од Северна Македонија, соговорниците покренувале две основни прашања: европската перспектива и како Грција може да помогне во оваа насока, како и зајакнување на билатералните врски во сите области, економија, инвестиции, енергија, транспорт и одбрана.

Осврнувајќи се на неговите контакти со претставници на Македонија во последните два месеци, во интервјуто тој посочува дека двете главни прашања што биле покренати се европската перспектива на нашата земја и како Грција може да помогне во оваа насока, како и зајакнувањето на билатералните врски во сите сектори. како што се економијата, инвестициите, енергијата, транспортот и одбраната. Тој им рекол на македонските соговорници дека Грција, под одредени услови, да стане најдобар пријател на Македонија во иднина и дека Грција со нетрпение очекува да ја продолжи соработката во сите сектори со која било влада што ќе произлезе од внатрешните процеси.

За време на средбата со словенечкиот колега Логар, Дендијас изјави оти главна тема на разговорите била патот на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. „Грција, прва земја од Балканот што стана членка на ЕУ пред четири децении има морална должност за помош кон секого на Балканот кој има аспирации да се приклучи на заедничкото европско семејство“, рече Дендијас.

Тој најави дека Советот на ЕУ за две недели ќе има стартешка дебата за иднината на Западен Балкан и рече дека мора да го вклучи звукот за аларм. „Европскиот курс на Западен Балкан може да биде обратен. И поради оваа причина мораме да ги вложиме сите наши напори бидејќи секогаш постои ризик Западен Балкан да се лизне назад, дозволете ми да кажам, во нивното балканско минато“.