Грција ќе се обиде да помогне да се намалат разликите меѓу Бугарија и Македонија
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, изјави дека Атина ќе се „обиде да го олесни решавањето на нивните разлики на секој начин на којшто можеме“. Дендијас ова го изјави во интервју за „Јуроњуз“, одговарајќи на прашањето „дали новото вето на Бугарија за Северна Македонија може да го доведе во опасност Преспанскиот договор“ и дали „ Грција треба да стори нешто за да ја спаси европската иднина на регионот“.
Дендијас одговара: „По Солунската агенда Грција цврсто верува во европската перспектива на Балканскиот Полуостров и секако на Западен Балкан. И особено, сега зборуваме за Северна Македонија и Албанија. Бидејќи сме пријател на Бугарија и на Северна Македонија, ќе се обидеме да го олесниме решавањето на нивните разлики на на секој начин на којшто можеме. Ние веруваме дека имаме заедничка иднина заедно, сите земји на Балканот. И сигурен сум дека сите ќе го ценат тоа“.
Гршкиот шеф на дипломатијата не одговара директно на прашањето: „Дали ќе преземете некоја конкретна иницијатива за тоа? Како медијатор, на пример?“, но вели: „Можеби иницијативата е многу силен збор. Ние сме пријатели со сите и се обидуваме да бидеме корисни кон секој. Но морам да кажам дека треба да ја гледаме големата слика, а големата слика е иднината на Балканот во рамките на Европската унија“.