Ден на Виетнам во Скопје, во рамки на Скопско лето


Во фоајето на Македонската опера и балет се одржа Виетнам ден во Скопје во рамки на 47. издание на фестивалот Скопско лето.

Амбасадата на Виетнам во Бугариjа, истовремено акредитирана во Северна Македониа, во партнерство со Виетнамската асоциациа за култура и туризам во Европа (VNCT), Виетнамскиот културен центар во Франциjа и фестивалот Скопско лето, гордо го претстави Денот на Виетнам во Скопjе 2026.

Музичкиот дел од настанот беше предводен од диригентот Маeстро Лe Фи Фи (диригент со голема биографија и истакнати концерти зад себе), Камерниот оркестар „Луј“, кој е составен од млади музичари и професори кој има освојувано голем број државни и меѓународни награди, како и гостинските уметници: Танг Тан Сон и Тан Нгок (Франција).

Програмата обединуваше дела од западната класична музика, виетнамски композиции и традиционална македонска музика.

Македонската публика беше воодушевена и со овации ги награди музичарите на сцената, со желба во иднина да има што повеќе вакви настапи.