Ден на Македонската револуционерна борба , 23 Октомври, неработен за сите граѓани


Фото: Б. Грданоски

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека 23 октомври 2024 (среда), Ден на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Празникот се празнува, од 2007 година, а се однесува на о повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун, на 23 октомври 1893 година. Имено, на овој датум во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет.

Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира со создавање современа самостојна македонска држава. Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле во Македонија за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност.