Ден Дончев повикан во полициска станица за снимката со парите


Поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев бил повикан во полициска станица во Скопје за да даде изјава поврзана со снимките на кои се гледа како добива пари. Снимките беа објавени на новоотворен јутјуб канал заедно со уште други три аудио записи.

Дончев бил повикан од страна на Оделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во МВР, а поканта била денеска тој да дојде во 16 часот во полициската станица Карпош на распит со инспектори од одделот.

Дончев стигнал во станицата и инспектори за организиран криминал спровеле негов распит, потврди за Телма министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Според последните информации по половина час тој е пуштен од полициската станица и си заминал.

Истрагата е почната откако обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција по објавувањето на снимките соопшти дека нема да постапува по нецелосни снимки.

-Во надлежност на Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција е откривањето на кривичните дела од економско финансиска природа. за парите е повикан на разговор кој се одвива во текот на попладнето, соопштија од обвинителството.

По ова, во МВР одлучиле да го повикаат Дончев на распит за да утврдат од кога е снимката на која се гледаат парите кои ги става во торба.

Дончев пак тврдеше дека снимките се стари и од приватен карактер откако опозицијата го обвини дека парите се поврзани со случајот Дијамед./ТЕЛМА