Демонстрантите утринава ја блокираа зградата на Бугарската национална телевизија


Демонстрантите, предводени од граѓанско движење „Боец” и Георги Георгиев утринава ја блокираа зградата на Бугарската национална телевизија.

Акцијата е четврта од серијата “изненадувачки блокади”, пренесе БГНЕС.

Вчера, на 43-тиот ден од антивладините протести во Бугарија демонстрантите го блокираа влезот во зградата на Комисијата за борба против корупција и незаконски стекнат имот на околу еденлас, пренесе БТА.

Демонстрантите предводени од Георги Георгиев бараа состанок со директорот на Комисијата, Сотир Цацарев и побараа негова оставка.